Дома
Галерија
За Училиштето
Контакт
Линкови
За Училиштето
ООУ
Основното општинско училиште се наоѓа во центарот на општина Македонска Каменица. Лоцирано е на улица Маршал Тито бр. 2. Зградата е изградена во 1982 година и има одлични просторни можности за реализирање на квалитетна настава. Во училиштето има 32 училници распоредени на 1 450 м2, од кои опремен кабинет по информатика, училишна библиотека и училишно - спортска сала од 1 000 м2. Во ООУ „Кирил и Методиј“ се изведува настава од прво до девето одделение за учениците од Македонска Каменица, а во подрачните училишта Моштица, Дулица, Цера 1 и Цера 2 се изведува настава само од прво до петто одделение. Во подрачното училиште во Саса 1 се изведува настава за учениците од прво до девето одделение од населените места Саса 1 и Саса2. Општина Макдеонска Каменица, во која работи ООУ „Кирил и Методиј“, спаѓа во средно развиените општини во Република Македонија. Најголем стопански субјект е рудникот за олово и цинк „САСА“ во с. Саса, со кој соработуваме долги години. Соработуваме со СОУ „Миле Јаневски - Џингар“ - М. Каменица, во врска со професионалната ориентација како и за повратни информации за нашите ученици во ова училиште. Освен соработката со СОУ „Миле Јаневски - Џингар“ нашето училиште има успешна соработка со ЕЛС Општина Македонска Каменица, и другите државни институции во општината вклучувајќи го и бизнис секторот. Од неодамна во согласност со ЕЛС Општина Македонска Каменица и МОН нашето училиште е преименувано во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.