Дома
Галерија
За Училиштето
Контакт
Линкови
Недела На Претприемништво
И оваа година проектот SEECEL продолжува да се имплементира со новите насоки кон кои се движи проектот, а тоа е воведување на „Иновации“ како редовен предмет во наставата и развивање на претприемничките вештини кај учениците уште од најрана возраст. Нашето училиште е дел од овој проект уште од самиот почеток со што го добивме и називот „Претприемничко Училиште“ кое можете да го забележите на влезот од нашето училиште.
Како дел од активностите во рамките на проектот SEECEL беше и кратката обука и воведувањето на наставниците во проектот како директни учесници во самиот проект.
Исто така, ја прославивме Неделата на Претприемништвото со тоа што организиравме презнетација за тоа што научивме ние за претприемништвото и кои се најбитните карактеристики за еден успешен бизнисмен.