Дома
Галерија
За Училиштето
Контакт
Линкови
Новогодишна Ѕвезда
Оваа година за прв пат во нашето училиште беше организиран првиот музички натпревар „Новогодишна ѕвезда“. Настанот беше замислен како натпревар меѓу танцувачки кореографии кои ги спремаа наставниците од нашето училиште и вокални изведби од наши ученици. Целиот настан беше поддржан од локалната самоуправа и SEECEL проектот за развој на претприемничките вештини кај учениците. Директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Димчо Атанасовски се погрижи за наградите за првите три места. Со учениците кои се натпреваруваа во категоријата денс кореографии работеа наставниците: Маријана Стојановска, Драгана Миланова, Тања Стоиловска и Сања Ангеловска додека вокалните интерпретатори ги подготви координаторот на SEECEL проектот во нашето училиште и наставник по музичко образование Маријан Стоименов. За изборот на најдобрите беше задолжено жирито составено од Симо Стојмирски наставник по музичко образование, Мери Михаиловска наставник по англиски јазик, Ванчо Гоцевски одделенски наставник, Даниела Трајановски училишен психолог и Сашо Велиновски наставник по информатика. Првотот место го освои Маринела Ангеловска за изведбата на пената All of me, второто место го освоиja учениците од VIIг и VIIIб под менторство на наставничката Драгана Миланова и третото место го освои Михаил Јосифовски за изведбата на Feel. Сите учесници се претставија во одлично светло задавајќи им ја најтешката задача на жирито, но заради натпреварувачкиот карактер на самата манифестација мораа да се одлучат за 3 места. Се надеваме дека овој настан ќе продолжи и понатаму и со него ќе успееме да создадеме една убава новогодишна традиција. Голема благодарност до сите учесници!