Дома
Галерија
За Училиштето
Контакт
Линкови
Завршни сметки
Посета на рудник САСА
И оваа година нашето училиште продолжи со многубројните проекти и планирани посети. Во рамките на проектот SEECEL во кој оваа година сме во улога на ментор училиште на истоименото училиште од Кочани, беа спродведени поголем дел на активности меѓу кои и посета на рудникот САСА. Учениците имаа можност да се запознаат со сите аспекти на работењето на овој рудник, а раководството на рудникот беше повеќе од гостопримливо, и љубезно не прими и оддвои време за да не прошетка и ни го објасни процесот на работа во еден рудник. Истата посета беше искористена во рамките на новиот предмет кој се изучува од оваа учебна година во деветто одделение „Иновации“, во кој учениците не само што одлучуваат кои се нивните квалитети и нивното идно занимање, исто така и учат да размислуваат како претприемачи. Со таа цел посетивме некои од приватните работилници во нивната околина со намера учениците од поблиску да се запознаат со раководењето на сопствена работилница и приватен бизнис преку непосреден разговор со вработените и раководителите.