Дома
Галерија
За Училиштето
Контакт
Линкови
Завршни сметки
Спортски игри 2015
Зонските натпревари се одржаа во М.Каменица во училишната сала при ООУ”Св.Кирил и Методиј” со почеток од 12:30 часот. На натпреварите земаа учество следните екипи:

OУ”Климент Охридски”- Oблешево со ментор Драгица Николова
ОУ”Дедо Иљо Малешевски”- Берово со ментор Драги Рашковски
ОУ”Ванчо Прке”- Делчево со ментор Горан Велков
ОУ”Гоце Делчев”- Виница со ментор Перо Бошевски
ООУ”Св.Кирил и Методиј”- М.Каменица со ментор Мирјана Гошевска

Првиот натпревар се одигра помеѓу ОУ”Климент Охридски”- Облешево и ОУ”Дедо Иљо Малешевски”- Берово и заврши со резлутат 15:14, вториот помегу ОУ”Ванчо Прке”- Делчево и ОУ”Гоце Делчев”- Виница со краен резлутат 14:15 и третит помеѓу ООУ”Св.Кирил и Методиј”- М.Каменица и OУ”Климент Охридски”- Oблешево со резлутат 23:10. Финалниот натпревар се играше помеѓу ООУ”Св.Кирил и Методиј”- М.Каменица и ОУ”Гоце Делчев”- Виница кој заврши со резлутат 13:10.
Со победата над ОУ”Гоце Делчев”- Виница во финалето нашето училиште стаса до последниот чекор на државното првенство. На 24.04.2015 во Радовиш на неутрален терен се играа натпревари за учество на овогодинашното Државно првенство и Олимписки Игри, кои ќе се одржат од 14-16 мај во Скопје.
На регионалните натпревари земаа учество победниците на Кочанска, Кумановска, Велешка и Струмичка зона. Претставник на Кочанската зона беше нашето училиште ООУ”Св.Кирил и Методиј”- М.Каменица, претставник од Кумановска зона беше ОУ”Климент Охридски”- Kуманово, претставник од Струмичката зона беше ОУ”Димитар Влахов”- Штип и претставник на Велешката зона беше ОУ”Васил Главинов”- Велес.
По извршеното ждребување нашето училиште влезе во конкуренција со ОУ”Климент Охридски”- Kуманово, додека пак ОУ”Димитар Влахов”- Штип со ОУ”Васил Главинов”- Велес. Ракометарките претставнички на нашето училиште се покажаа како подобри и го добија мечот против ракометарките од ОУ”Климент Охридски”- Kуманово со краен резлутат 21:18. Како победнички пак од вториот дуел излегоа ОУ”Димитар Влахов”- Штип, кои успеаја да ги надиграат ракометарките на ОУ”Васил Главинов”- Велес.
На ОИ-Карпош 2015 во Скопје го освоивме шестото место и заклучно со тоа сме шестата најдобра училишна ракоматарска екипа во Р.Македонија.
Досегашниот успех се должи на напорната работа и тимската игра на ракометарките од нашето училиште, како и макотрпната работа на тренерот Мирјана Гошевска, која што е најзаслужна за постигнатите резултати.

Државното првенство во шах се одржа на 21.11.2014 во Велес. Учествто на првенството земаа следните наши ученици:

Васевска Маринела- 7в која го освои осмото место
Бојан Јовановски -7а кој го освои петото место
Никола Јовановски - 8в кој го освои 38то место
Ментор: Проф. Мирјана Гошевска