За ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Македонска Каменица

our-story-img.jpg

Нашето училиште

Основното училиште св. Кирил и Методиј се наоѓа во центарот на градот Македонска Каменица, на ул. “Александар Македонски бр.2”. Зградата е изградена во 1982 година и има одлични просторни можности за реализирање квалитетна настава. Има 32 училници распоредени на 1450 м2, од кои два опремени кабинети по Физика и Хемија, кабинет по информатика, кабинет по музичко образование, училишна библиотека и училишно спортска сала од 1000 м2. За наставниците, стручниот соработник, директорот, администрацијата и помошно – техничкиот персонал има одделни канцеларии кои во голема мера ги задоволуваат потребите.

 

Наставата е организирана во едно централно и 3 (три) подрачни училишта.Во функција се училиштата во П.У.с.Цера, П.У.с.Моштица и П.У.с.Саса.