Проектот "Шах во училиштата" пристигна и во нашето училиште
Со гордост Ве известуваме дека проектот "Шах во училиште" пристигна и во ООУ "Свети Кирил и Методиј" во Македонска Каменица.
На ден 01.10.2024 година во ООУ "Свети Кирил и Методиј" во Македонска Каменица беше започнат проектот "Шах во училиште“. Истиот е одобрен од бирото за развој на образованието и во државата се спроведува од страна на Шаховската федерација на Македонија и Министерството за образование.
На денешниот воведен настан, од страна на Секретарот на Шаховската федерација на Македонија, ИМ г-дин Марјан Митков, беше одржана воведна обука на 15 наставници од нашето училиште.
На настанот присуствуваше и г-дин Лазо Стаменковски, претседател на ШК "Каменица Саса“, кој што и беше главен организатор на денешната активност.
На крај од настанот од страна на Секретарот на Шаховската федерација на Македонија, ИМ г-дин Марјан Митков, на директорот Виктор Георгиевски на ООУ "Свети Кирил и Методиј", од Македонска Каменица, им беа донирани 6 шаховски сетови.



